Искусниот македонски маратонски пливач Томи Стефаноски заврши на третото место од подиумот на маратонот Парана во Аргентина.
Втората трка сезонава во Гран-При серијата, Стефаноски ја исплива за 9:26:55 часа, а пред него на целта стигнаа Иван Афаневич од Русија 9:20:38ч и Сириецот, Салех Мохамад 9:22:42.
Одличниот маратон во Аргентина го заокружи Александар Илиевски, кој помина петти на целта, а третиот македонски преставник Дејан Младеновски не ја заврши трката.
Најдобриот маратонски пливач од минатата година Евгениј Поп Ацев поради здраствени причини нема да настапува сезонава во маратонските трки.
Мх.П.