Автомобилистот Игор Стефановски-Иџе го освои престижното признание спортист на Македонија за 2014 година. Во женската конкуренција наградата ја освои фудбалерката на германски Потсдам, Наташа Андонова.


Стефановски оваа година стана европски шампион на ридски патеки, својата доминација тој ја потврди со осумтте победи на 12-те трки.

Освојувачи на наградите за најдобри во 2014:

Млад спортист: Берат Јакупи – карате

Млада спортистка: Пуликсенија Јовановска – карате

Национален тим (мажи): ракомет

Национален тим (жени): карате – кати

Спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова – стрелаштво

Селектор: Жарко Ристоски – одбојка

Спортска федерација:ракомет.

Најдобар спортист во странство: Кирил Лазаров

Посебни признанија за придонес во спортот: Лино Червар (РК Металург), Индира Кастратовиќ (ЖРК Вардар), Томи Стефановски (пливање), Сергеј Самсоненко (Вардар), Минчо Јорданов (Металург).

„Макфакс“