Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оставри средба со претседателот на Здружението на туристички водичи од Охрид, Климент Наумов на која разговараа за значењето на оваа дејност преку која се презентира нашата историја и култура.
Стефаноска подвлече дека туристичките водичи се едни од најзначајните алки во развојот на туризмот и во промоцијата на туристичката дестинација, многу е важно како еден туристички водич ја интерпретира историјата на Македонија и како истата ја пренесува на туристите. Мисијата на туристичкиот водич е да ги информира туристите и посетителите за наследството, културните и природните добра и другите туристички ресурси со кои располага нашата земја, велат од АППТ.
На средбата, додаваат, се дискутираше и за заложбите на туристичките водичи за успешна презентација на вредностите и нивната промоција.
OhridNews