Директорката на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба во Охрид со претставници на туристички агенции од Малезија кои ќе носат гости во Македонија.
Стефаноска даде поддршка за зајакнување на протокот на туристи од Малезија и инкаминг туризмот кои ќе допринесат за развојот на туризмот и економијата во нашата земја. Туристите од Малезија ќе ги откриваат разновидностите и автентичноста на нашата држава, гастрономијата, традицијата и најатрактивните локации и културно историски знаменитости. На гостите ќе им се нудат уникатни искуства и анимации специфични за овој предел, информираат од АППТ.
Директорката на АППТ Стефаноска на средбата со туристичките агенции од Малезија разговараше и за продлабочување на меѓусебната соработка во полето на туризмот.
OhridNews