СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ го прашува кандидатот Јован Стојаноски за неговите ветувања за вработувања, функции, бизниси, маркици, и други привилегии со кои се расфрла по градот и ги лаже граѓаните и членовите на СДС, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Снежана Стефаноска.
– Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да може да ги реализира бидејќи за тоа постои законска препрека. Во Пожарната во Охрид целосно е исполнет дозволениот законски број на вработени и во никој случај не ќе може да има нови вработувања. Единствено е можно да се вработи некој само ако има лице кое исполнило законски услови за пензија или некој да биде отпуштен од работа, рече Стефаноска.
Стефаноска упати прашање до кандидатот за градоначалник од СДСМ- дали Јован Стојаноски планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови (што законски исто така не може да го направи бидејќи вработените имаат решенија за работа) или упорно ги лаже оние на кои тоа им го ветува и со лага се обидува да го добие нивниот глас.
– На колку луѓе Јован Стојаноки им го ветил раководното место Раководител на ТЛЕР? Кои се тие тројца? Дали Јован Стојаноски може да одговори која структура од раководството на поранешниот градоначалник Алескандар Петрески планира да ја врати на позиции? Кои луѓе од времето на мракот, хаосот, грабежот и безредието Јован Стојаноски планира да ги устоличи на раководни места, но и кои состојби во Охрид ветил дека ќе ги врати назад? Дали ќе ги даде паркинзите повторно на приватни фирми, и на кои фирми ги има ветено? Која е фирмата на која и е ветено дека ќе ги фарба улиците, поточно пешачките премини и ќе поставува сообраќајни знаци и каде треба и каде не треба за да го празни градскиот буџет?, праша Стефаноска.
OhridNews