Грчкиот тенисер Стефанос Циципас триумфираше на завршниот турнир од Мастерс серијата кој се одржа во Лондон. Циципас во големото финале во три сетови (6-7, 6-2, 7-6) го совлада Доминик Тим.

Циципас ја освои третата титула сезонава а четврта во кариерата од Мастерс турнирот. Интересен е фактот што Циципас минатата сезона славеше на развојниот турнир кој се организира паралелно со завршниот турнир во Лондон.

21-годишниот тенисер стана најмлад шампион на турнирот во Лондон. Последен пат тенисер со 21 година победил во 2001 година кога Лејтон Хјуит триумфираше во првото свое учество.

Циципас до титулата во Лондон стигна со пресврт. Гркот во вториот сет ја анулираше предноста на Тим од првиот сет а во третиот не погреши и ја осигура титулата.

OhridNews