Младата атлетичарка Стефанија Ристеска со крупни чекори тргна по патеката која долги години ја одат атлетичарите од охридскиот клуб.

Ристеска, изминатиов викенд во дисциплината 300 метари ги растури противничките оставајќи ги зад себе речиси педесет метри.

Таа учествуваше и во спринтерската дисциплина на 60 метри, на која го освои второто место со задоцнување од три стотинки во односн на победничката.

Од атлетскиот клуб Охрид задоволни се од нејзините резултати кои допрваа треба да кулминираат.

OhridNews