Можеби натпреварот не го одигравме најдобро, но на ваков терен не е возможно подобро. Ако треба да играме на ваков тренер, нека ни кажат и тогаш да бараме друг стадионот. Ова е срамота!, рече Стефан Ристовски.

Капитенот на Македонија во отсуство на Горан Пандев кој мечот го започна од клупата смета дека победата вреди многу повеќе од три бодови.

Им честитам на момците за играта и победата. Ја иполнивме мисијата и нема што повеќе да се каже. Повторно ќе повторам и речам дека условите за игра на теренот беа далеку од потребното ниво. – истакна Ристовски.

Македонија со 2-1 ја совлада Ерменија и со триумф го започна новиот циклус од Лигата на Нации.

OhridNews

Победа на Македонија на почетокот од Лигата на Нации (видео)