Аријан Адеми доби репрезентативно друштво во Динамо Загреб, откако Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон се пресели во хрватскиот клуб. Десниот бек во македонската репрезентација со „модрите“ потпиша повеќегодишен договор и стави точка на агонијата во Спортинг Лисабон, каде последниве месеци воопшто не играше и не тренираше со првата екипа.
Горд сум и среќен што станав играч на Динамо. Големо задоволство и чест е да се потпише договор за клубот кој има освоено најмногу хрватски шампионати и кој редовно учествува на натпреварувања на УЕФА, со голем успех и значителни резултати. Сите знаеме каков е угледот на Динамо и овде и во странство. Го познавам капитенот Адеми кој е мој соиграч во репрезентацијата, а има и неколкумина мои поранешни клупски соиграчи. Сигурно тој факт ме прави уште посреќен. Имам претходно искуство со играње на ривалската страна, а сега ќе дадам сè од себе во дресот на Динамо. Среќен сум и се радувам на сè што е пред мене и соиграчите. – изјави Ристовски.
Македонецот нема да има проблем да аклимитизира во средината, затоа што пред да направи трансфер во Спортинг Лисабон две сезони играше во Ријека.
OhridNews