Охридскиот фудбалски клуб промовираше нови четири имиња со кои ги затвора активностите во зимскиот преоден рок.

Старо-нов фудбалер на Охрид е Стефан Петрушевски, кој помеѓу „рибарите“ се врати од екипата на Велешта. Кам бек во Охрид направи и Љупчо Илијески, а нови имиња се Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски. Претходно, охриѓани се засилија со Роберт Митев.

Фудбалерите на Охрид се наоѓаат во завршниот дел од подготовките за втората полусезона во Втората МФЛ. „Рибарите“, в сабота, на домашен терен против Велешта ќе го одиграат последниот контролен натпревар.

Во првата рунда од пролетниот дел во второлигашката конкуренција Охрид, на СРЦ „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмери со Кораб од Дебар.

OhridNews