Охридските фудбалери, утре (сабота), на домашен терен против Дрита ќе ги започнат мечевите од третиот натпреварувачки круг во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ во пресрет на средбата со Дрита од Боговиње не ги кријат победничките амбиции, кои од натпревар во натпревар растат во охридскиот состав.

Очекуваме и се надеваме на позитивен исход од натпреварот со Дрита. Цела недела тренираме напорно и се подготвуваме за дуелот со новиот ривал. Посакуваме третиот натпреварувачки круг да го започнеме со победа и ќе направиме се што е во наша моќ да ги израдуваме нашите поддржувачи, – изјави играчот од средниот ред Стефан Петрушевски.

Натпреварот се игра во 15 часот. Правдата на дуелот ќе ја дели Дејан Младеновски од Скопје.

Во останатите дуели од првата рунда во вториот натпреварувачки круг ќе се сретнат Скопје – Велазерими, Велешта – Кадино, Гостивар – Тетекс, Охрид – Дрита.

OhridNews

 

Втора МФЛ: Дејан Младеновски на центарот во Охрид, Фатмир Бафто во Кочани

Најава Охрид – Дрита: Засилената Дрита сериозен предизвик за „рибарите“