На барање на бекот Стефан Дрогришки, ГРК Охрид одобри предвремен раскин на договорот кој тој го имаше со клубот.
Му се заблагодаруваме на Дрогришки за досегашниот ангажман и му посакуваме успех во понатамошната кариера, стои во соопштението што денеска го лиферуваше ГРК Охрид.
Стефан Дрогришки беше дел од ГРК Охрид од 2023 година, а неодамна и го продолжи договорот со клубот, кој на негово барање сега е раскинат.
Г.М.
Фото: А. Момироска