На протести пред Владата утре ќе излезе Унијата на здруженија на работници со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус.Кон протестите ќе се приклучат и членовите на охридското здружение на стечајци.

Тие се незадоволни од, како што велат дискриминаторскиот однос кој произлегува од Законот за материјално обезбедување на невработени лица од претпријатија со доминантна државна сопственост.

Законот со важност од 1 јануари 2000 до 31 декември 2004 година е на разгледување во Уставен суд по жалба на Унијата на здруженија на работници со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус.

Ohridnews