Работниците со над 25 години стаж со нерешен статус, откако ноќта ја минаа под отворено небо во шатори пред Собранието на РМ, денеска ги продолжија протестите пред државните институции во Скопје.
Стечајците не се задоволни од како што велат игнорантскиот однос на Владата кон нив. Бараме решавање на начиот статус до пензионирање или идно вработување, како и минимален месечен надоместок со кој би можеле да ги плаќаат давачките кон државата, вели престедателот на Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус, стечајни работници, загубари и технолошки вишок од Охрид, Иван Николоски.
Овојпат нема да се повлечеме се додека не биде решен нашиот статус, вели Николоски.
На протестите во Скопје учествуваат и дваесетина други работници од Охрид.