Стечајците и работниците прогласен за технолошки вишок денеска ќе протестираат пред Владата барајќи средба со премиерот Никола Груевски и решавање на нивниот статус. Тие бараат, лицата со минимум 15 години работен стаж да добиваат по 100 евра од државата, во спротивно најавуваат граѓанска непослушност.

Протестот што го организираат здруженијата на стечајни работници од Куманово и Охрид, ќе почне од Автокоманда од каде стечајците пеш ќе се упатат кон Владата. Тие бараат од државата месечен надоместок од 100 евра до следното вработување или пензионирање.

Не се согласуваат со изјавите на Владата дека станува збор за стечајни работници од приватни фирми бидејќи, како што велат, во земјите на Европската унија сите стечајци имаат исти права без разлика дали се од државни, или приватни компании.

OhridNews