Вонредно Собрание на Здружението на граѓани загубари, технолошки вишок и стечајни работници – Охрид, ќе се одржи денеска  во 18ч. во големата сала на општината, соопшти претседателството на здружението.

На вонредното Собрание членството ќе биде информирано за преземените  активности на здружението за решавање на статусот на  загубарите, технолошкиот вишок и стечајните работници, а ќе стане збор и за подготовките за протести кои Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус ги најави доколку не бидат исполнети барањата на оваа категорија работници, кои неодамна му  беа врачени на премиерот Никола Груевски.

Рокот за згрижување на работниците што без своја вина останаа без работа и понатамошна егзистенција, што Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус и го даде на владата истече вчера.