Поранешните вработени на Акционерското друштво ” Виор Ростфрај” очекуваат до крајот на ноември да се реши стечајната постапка со фирмата. Тие во петокот одржаа мирни протести пред Основниот суд во Охрид, за да го потстат судот да преземе мерки за решавање на случајот.

Петмина од нив во петокот беа примени од претседателот на Судот, Владо Дејаноски кој  веднаш контактирал со претседателот на Апелациониот суд во Битола, од кого се информирал за двата хипотекарни предмети за “Виор Росфреи”, од кои едниот е веќе завршен, а другиот се очекува да  биде затворен за 10-тина дена.   

Се очекува, кон крајот на идниот месец, Одборот на доверители да  одлучува за судбината на “Виор Ростфрај” и на поранешните вработени во неа.
 

А. Ристоска