– Неисполнувањето на обврските произлезени од договорот потпишан на 26.12.2003 година помеѓу ЕК Бофор и компанијата АМАК СП е единствената причина за раскин на соработката – рече на денешната прес конференција претседателот на ЕК Бофор Стевчо Ставрев.
На вонредното собрание одржано на 1 април во Центарот за едрење, беше донесена одлуката за раскин на договорот со компанијата Амак СП. Иницијативата за свикувањето на собранието е на три члена од извршниот одбор, на основачите на ЕК Бофор, како и на барање на целокупното членство.
– На собранието уредно беше поканет и спонзорот на клубот Венко Шапкар, кој не се појави. Извршениот одбор во 2003 година му ја даде полната доверба на Шапкар и му беше доделено почесното место претседател на клубот, истиот тој одбор на собранието на почетоков на месецoт одлучи да ја прекине соработката. Договорот од наша страна беше максимално испочитуван, на сите обележја на едриличарите при нивните настапи на домашните и меѓународните едриличарски регати беше истакнато нивното лого – истакна Ставрев.
Клубот продолжува понатму, а во периодот кој следи ќе бидат сменати симболите на клубот и ќе бидат променати печатите на клубот. Променето е и седиштето на клубот, наместо досегашното „15 Корпус “89, внесено е „Кеј Маршал Тито“ бб.
–
Официјално побаравме од господинот Шапкар да бидат вратени печатите, но до ден денес тоа не е сторено. – потенцираше Ставрев.
Клубот допрва ќе избира нови делегати кои ќе го претставуваат во Едрличарската федерација на Македонија. Едриличарите набрзо ќе започнат со тренинзи, а потоа и со настапи на регати, ќе се одржат сите регати кои и досега се одржуваа во Охрид.
–
Нас не` интересира само едрењето и клубот е отворен за сите љубители на “белиот украс“ на Охридското Езеро – заврши Ставрев.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com