Македонскиот арбитар со знакот на ФИФА, Александар Ставрев успешно ги мина тестовите на УЕФА. Најдобриот македонски судија, Ставрев подготвен ќе ја дочека втората фаза од најеминетното натпреварување Лигата на Шампиони.

Ставрев во групната фаза од Лигата на Шампиони судеше три натпревари, и тоа Јувентус – Нордсјеланд, БАТЕ Борисов – Баерн Минхен и Лил – Валенсија.

Покрај Ставрев уште еден македонски судија, Дејан Јакимовски ќе конкурира за европските натпревари, но во Лигата на Европа.

Мх.П.