За разлика од некои држави кои беа понижени и буквално паднаа на колена, како што се балтичките држави и Исланд, Македонија со спроведените реформи, добро ја поднесува кризата. Приватниот сектор се соочува со одредени тешкотии, тоа никој не може да го негира, но секој го поднесе товарот и заеднички во целина успеваме да се справиме во овие тешки времиња, изјави во Охрид вицепремиерот Зоран Ставрески додавајќи дека во Македонија девалвација нема да има.

Според Ставрески девалвацијата би била мошне штетна, како за економијата, фирмите, банките, така и за граѓаните. Тој кажа дека таа веројатно им одговара само на пет луѓе во Македонија кои се залагаат да има девалвација.

Ставрески кој вчера престојуваше во работна посета на Охрид, рече дека Македонија има доволно државни резерви, и со спроведените реформи и цврстата монетарна и фискална политика, стоечки ја пребродува кризата.

Ohridnews