Директорите на маркетите Теско во Велика Британија го шпиунирале персоналот со сигурносни камери за да не се задржуваат долго на паузите во тоалет. Навредените вработени мислеле дека со тоа се нарушуваат нивните основни права. Изјавиле дека брзале кога оделе во тоалет само за да не имаат проблеми со претпоставените.


Портпаролката на Теско рекла дека камерите биле поставени од сигурносни причини, но раководителите можеле да ги користат и за други цели. Камерите не биле поставени во самите тоалети, и не е противзаконски на овој начин да се контролира работата на персоналот.