Приватниот детектив Марк Халштад поставил инфрацрвени камери во шумата околу училиштето во кое одат неговите деца поради шетачите кои зад своите кучиња оставаат голема нечистотија. На идеја да ги постави камерите дошол кога видел непозната жена која го фрлала изметот од нејзиното куче токму во таа шума.

Своите услуги за фаќање на невнимателните шетачи моментално ги нуди бесплатно и се надева дека својот бизнис ќе го прошири низ цела Велика Британија. До сега сними околу 30 престапници и снимките ги испратил на суд како доказ. На невнимателните шетачи ги чека парична казна од околу 1000 евра.