Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот, а под мотото – „Стави појас“.

Притоа, полициските службеници на неколку сообраќајни пунктови, преку непосредна комуникација со возачите на моторни возила ја нагласија потребата, но и законската обврска за користење безбедносен појас при управување со моторните возила, во и надвор од градските средини, информираат од МВР.

На возачите, посочуваат, им беше и поделен едукативен материјал со практични совети за безбеден сообраќај.

Целта на кампањата, реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е подигнување на сообраќајната култура и сообраќајната безбедност кај учесниците во сообраќајот, додаваат од МВР.

OhridNews