Ставен е под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место.

Од ДИЖС велат правниот субјект поседува Елаборат за животна средина. Додаваат дека пожарот е локализиран, а следат истражни дејствија за причините за пожарот.

OhridNews

фото. ДИЖС