Пожарот на пресека ставен под контрола
Заради контрола на ситуацијата на терен остануваат 10 лица од Македонски Шуми, информираа од дирекцијата. Со пожарот кај Пресека надлежните се справуваат десетина дена. Тој минатата недела беше локализиран, но повторно се разгоре пред два дена. Според Дирекцијата за заштита и спасување ситуацијата е под контрола.