Една жителка на Кина се преправала во бремена жена како би и отстапувале место во јавниот превоз. Нејзината измама била откриена кога силиконскиот стомак и испаднал од кошулата на сред полн вагон во метрото, предизвикувајќи бурно негодување на патниците.
Дека на младата жена не и недостасувала дрскост потврдила и нејзината одлука да го тужи производителот на лажниот стомак, кој како што истакнала, го платила 37 евра, и кој за тие пари морал да биде поверодостоен. Според медиумите, нејзината жалба наишла на општо неодобрување во медиумите и била исмејувана на интернет.