Во Центарот на светското наследство во Париз, седиштето на УНЕСКО, до сега не се разговарало за симнување на Охрид од листата на заштитено светско природно и културно наследство, изјави денеска Керстин Манц, претставник на Центарот за светско наследство при УНЕСКО во Париз на отворањето на меѓународна работилница „Хармонизација на прелиминарните листи на УНЕСКО во земјите од Југоисточна Европа. Културни пејсажи копнени и слатководни екосистеми“, што се одржува денеска во Охрид.
„Не е исклучено до Канцеларијата на УНЕСКО во Париз да приистигнале информации за состојбата на заштитеното природно и културно богатсво во Охрид, но тоа е во надлежност на Независна комисија на УНЕСКО која самостојно одлучува, но до сега немало никакви дискусии по ова прашање“, рече Манц.
Претставникот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, Џорџо Андријан истакна дека “Охрид како заштитено подрачје не треба да е грижа само на националните и локалните власти, туку дека тоа е светско заштитено природно и културно богатство и оттаму и светот има подеднаква обврскса да се грижи за него“.
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, истакна дека покрај постојните заштитени зони на прелиминарната листа на чекање на УНЕСКО од 2004 година се ставени уште два локалитети во Македонија, Маркови кули во Прилеп и пештерата Слатински извор во Македонски Брод.
Подрачјето на Маркови кули е ставено на времената листа заради исклучителните геоморфолошки вредниости, „гнајсеви“стари 720 милиони години, како и заради големото културно значење на мастирот Св. Архангел Михаил каде што се откриени фрески од 11 век.
Овој комплекс е репрогласен за споменик на природата, додека пештерата Слатински извор е во фаза на репрогласување во редок споменик на природата од трета категорија.
Оваа пештера има ретки природни вредности, сталактити и сталагмити, пештерска река и животински свет кој не доволно истражен. Пештерата е долга 1110 метри и претставува најдолга истражена пештера во Македонија.
На дводневната работилница што ја организираат УНЕСКО во соработка со центарот за светско културно наследство, Белаџо форумот за одржлив развој и Институтот за територјални системи за иновации, учество ќе земат 11 дрежави од Југоисточна Европа-ЈЕИ.
Целта на работилницата е да ги поддржи земјите членки на УНЕСКО од ЈЕИ при идентификувањето ма релевантните меѓународни именувања на најзначајни природни и културни локации, како и хармонизација на прелиминарните листи на светско наследство на регионално ниво.
Горан Момироски
фото: Спаско Костоски