Македонската фудбалска репрезентација, без напредок или пад, останува на 65-та позиција на рејтинг листата од Светската фудбалска организација (ФИФА).
„Црвено жолтите“, во ноември месец, пласирајќи се на Европското првенство го остварија најголемиот успех во историјата, а победија и против Естонија, но заработија само шест бодови, кои беа премалку за скок на рејтинг листата.
Сепак, на ФИФА рејтинг листата, овој пат никој нема да обрне внимание, затоа што Македонија следното лето ќе биде дел од европската фудбалска елита.
Од противниците на Македонија во групата на ЕП, Холандија е 14-то пласирана, а Австрија и Украина се наоѓаат на 23-та односно 24-та позиција.
Водечка селекција на ФИФА рејтинг листата е Белгија, пред Франција и Бразил.
OhridNews