Нема измени на позицијата на Македонија на најновата рејтинг листа на ФИФА за месец Мај. И покрај тоа што загубивме седум поени во однос на Април, Македонската фудбалска репрезентација останува на 56. место со 546 поени.

Листата ја предводи Аргентина, а од нашата квалификациска група за СП, најдобро пласирана е Холандија на 10 место.

Шкотска бележи пад од две места колку пак што скокна Норвешка која се искачи на 27. позиција. Исланд остана на 85-тото место.

Македонија во овој период одигра само еден натпревар и тоа пријателски со Полска во Ројтлинген (1-1).

ohridnews