Фрлањето чевли кон поранешниот американски претседател Џорџ Буш минатиот месец предизвика бурни реакции, а сега послужи како инспирација за едно уметничко дело. Направена е статуа која во четвртокот беше откриена во Тиркит, родниот град на покојниот ирачки лидер Садам Хусеин.


Уметникот од Багдад, Лаит Ал Амари, го изработил своето дело од бакар како симбол на гордоста на Ирачкиот народ. На статуата е изгравирана песна во чест на Мунтадар Ал Зеиди, ирачкиот новинар кој го гаѓаше Буш со своите чевли за време на конференцијата за новинари во Багдад.

Ал Зеиди е обвинет за напад на странски лидер, а почетокот на судењето е одложено зашто неговиот адвокат побарал ублажување на обвиненијата.