Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот град Малме. Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси вчера свечено ја откри бронзената статуа со својот лик, која е висока 2,7 метра и тешка 500 килограми.
Статуата се наоѓа пред стадионот на Фудбалскиот клуб Малме каде што Ибрахимовиќ ја почна кариерата, која подоцна ја продолжи во Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
- Многу сум среќен поради местото на кое ќе биде поставена статуата. Тоа беше мојата желба уште на почетокот. Од Малме тргнав и моето срце е таму. – изјави Ибрахимовиќ.
Тој со 62 гола е рекордер за репрезентацијата на Шведска за која одигра 116 натпревари.
OhridNews