Веќе дваесет и петти пат статуата на романскиот поет Михај Еминеску останала без рака. Како би ги спречиле понатамошните кражби, градските власти смислиле решение. Ќе ја отстранат раката, а на место ќе ја враќаат само во специјални прилики. Портпаролката на градот Емануела Турчи вели дека ова е единственото нешто кое можат да го сторат. Ќе ја вратат раката на кипот кога ќе дојдат некои важни денови за овој поет.
Осомничениот кој е очигледно голем обожавател на поетот е снимен и со надзорна камера, но засега не е идентификуван. На обележувањето од 164 години од раѓањето на поетот граѓаните се фотографирале пред статуата, како би го забележале моментот кога таа е цела. Раката број 26 неколку дена ќе ја чува полицијата. Статуата на поетот настанала пред повеќе од 100 години е првата направена во чест на Еминеску.