Невообичаена случка доаѓа од Кавардарци. Симпатизери на клубот Тиквеш револтот за лошата резултатска серија одлучиле да ја искажат со сечење на стативите на головите на Градскиот стадион во Кавадарци.

 

Вработените на стадионот го пријавиле случајот в полиција а тамошните медиуми со неверување ја раскажуваат целата ситуација. Во поново време ова е прв ваков случај во нашата земја и вистина чуден бидејќи лојалните симпатизери на дело се покажуваат кога на клубот не му оди најдобро.

ВАНДАЛИЗАМ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ

ВАНДАЛИЗАМ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ

Geplaatst door РТК op Zondag 27 oktober 2019

Тиквеш после десет одиграни натпревари се наоѓа на четвртата позиција со три бодови помалку од лидерот Кожув.

OhridNews