Натпреварот во целиот свој тек беше израмнет. Во првиот дел во кој имаше дури 10 израмнувања “лалињата“ заминаа на одмор со плус 2 (11-13). Благодарение на деветте одбрани на Наумоска разликата не беше поголема.
Подобро се снајдоа гостниките и на стартот на вториот, кога по пет минути игра имаа плус три 14-17. Петковиќ ја промена одбранбената формација и на брзина успеавме да ја стопиме предноста и да се вратиме во егал 18-18.
Го одигра последниот натпревар за Македонија – Тодоровска
Во наредните десет минути се играше гол за гол, а со погодокот на Црвенкоска на десет минути пред крајот се одлепивме на плус два 26-24. Немаа нерви и сила нашите ракометарки да ја задржат предноста и дозволија гостите во последната минута да влезат со нерешени 28-28.
Македонија го имаше последниот напад на мечот, по неколкуте додавања Портјанко биеше од далечина, топката го измами холандскиот голман, но заврши во статитвата. Звукот на сирената го означи стартот на радоста на холандските ракометарки кои патуваат на континетелниот собир во декември во Данска и Норвешка.