Според податоците на Државниот завод за статистика -ДЗС,  во периодот октомври – декември 2010 година, едно четиричлено домаќинство било во можност со една просечна нето-плата да ја наполни месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци.

Просечната нето-плата по работник за декември 2010 година изнесуваше 21 454 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 342 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 9 112 денари, односно за 42.5%, соопшти Државниот завод за статистика.

Почнувајќи од 2011 година, Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според досегашните критериуми и ја спроведе Анкетата за приходи и услови за живеење, која како што информираат ДЗС во целост е хармонизирана според препораките на Еуростат.

OhridNews