На една од најубавите куќи во стариот дел на Охрид, музеј куќата на Уранија , која се наоѓа во многу лоша состојба во тек се санациони активности. Куќата која има сериозни проблеми со стабилноста статички ќе биде зацврстена со што ќе се спречи натамошното руинирање на овој објект заштитен со закон.
Куќата на Уранија
Покрај на Уранија, интензивно се работи на ревитализација и на куќата на Робевци. На ред е северната фасада, а ќе се менува и столаријата. Покрај овие во тек се и повеќе други санациони проекти и истражувања, информираат од Заводот и Музеј. Завршено е со санација на управната зграда на НУ Заводи и Музеј, санацијата на оградните ѕидови на црквата Св. Кузман и Дамјан, а во тек е конзервација и санирање на џамијата Хаџи Дургут.
Во меѓувреме археолозите на Плаошник стигнаа до ново вредно откритие. Пронајдена е плоча која сведочи за историјата на народите кои живееле на овој простор пред илјадници години, која е предадена на конзервација и натамошни истражувања.