Дваесетина велосипедисти од Скопје, Прилеп и од Охрид учествуваат на рекреативниот велосипедски маратон „Галичица 2009“, што денеска се одржува на охридската планинска убавица.


Стартот на трката беше во 9 часот од кај бензинската пумпа „Билјанини извори“, а по 50 изминати километри првите маратонци на целта на градскиот плоштад се очекуваат попладнево.

Организатор на рекреативниот велосипедски маратон „Галичица 2009“ е В.К. „Екодром“ од Охрид.


Ohridnews