Со натпреварите од првата рунда стартуваше спортската фудбалска лига за основни училишта. Право на настап имаат ученици од шесто и седмо одделение.


Стартот на фудбалската лига го означи професорот по Физичка култура и образование Стефанка Ангелоска, која го изведе почетниот удар.


Организатор на лигата во мал фудбал за основните и средните училишта и оваа година е Сојузот за училиштен спорт-Охрид подржани и помогнати од Локалната самоуправа Охрид и ЈП „Билјанини извори“-Охрид.


Резултати :

Основни училишта :

1.О.У.Григор Прличев : О.У.Св.Климент Охридски      2:0
(стрелци: Георгиески,Л.Џајкоски)

2.О.У.Христо Узунов : О.У.Братство Единство         1:2
(стрелци: П.Војдиноски – Е.Дуница,А.Каба)

3.О.У.Ванчо Николески : О.У. Кочо Рацин             3:0
(стрелци: В.Мечески,А.Иваноски,С.Маркоски)

4.О.У.Св.Наум Охридски : О.У.Живко Чинго        0:3
(стрелци: Д.Јовчески-2 гола,Н.Танески)

Средни училишта :

Прво коло : Угостителско : Економски 3:1, ЕМУЦ : Гимназија 2:1

Второ коло : Угостителско : Гимназија 6:2

 

Ohridnews