Со меѓусебно запознавање и тренинг во спортската арена „Билјанини Извори“ стартуваше ракометниот камп на Андреа Лекиќ во Охрид.
Учесници на третиот ракометен камп на ракометарката на Вардар, прв во Охрид има од десет земји, а најдалечниот учесник доаѓа од Исланд.
Покрај два тренинзи дневно тимот ќе организира патување од Св. Наум, ракометен ден во центарот на градот и многу други активности.
Ракометниот камп на Лекиќ во Охрид ќе трае од 20 до 26 јуни.
Мх.П.