Со исцртувањето на основите на 400 – метарскиот круг започна обележувањето на тартан подлогата на СРЦ Билјанини Извори во Охрид. Претставникот на италијанскиот “МОНДО4 во Охрид ќе остане во наредната седмица за кога е планирано да се завршат сите активности околу обележувањето.
Со обележувањето завршува реализацијата на проектот вреден околу 500 илјади евра, кој АФМ го реализираше во соработка со Агенцијата за млади и спорт, МОК, ИААФ (светската атлетска федерација).
Патеката својата промоција ќе ја има со Атлетскиот митинг кој во средината на мај ќе се одржи во Охрид . Промотор на атлетскиот митинг е потпретседателот на ИААФ , светскиот рекордер во дисциплината скок со стап Сергеј Бубка.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com