Трите охридски екипи во Третата македонска фудбалска лига југо-запад имаа различен почеток на новата натпреварувачка сезона.

Градскиот фудбалски клуб Лихнидос од Охрид со 4-1 ја совлада Велешта, Фудбалскиот клуб Сатеска ремизираше на домашен терен 0-0 со составот на Црно Буки, додека Фудбалскиот клуб Лакочереј претрпе тесен пораз 2-1 на гостувањето кај тимот на Лирија од Грнчари.

Во втората рунда охридски Лихнидос го пречекува на домашен терен тимот на Лирија од Грнчари, Сатеска ќе ги одмери силите со Октиси во Волино, додека Лакочереј ќе го пречека Октиси.

Резултати: Сатеска – Црно Буки 0-0, Октиси – Караорман 2-3, Кравари – Новаци 2-0, Лирија Заграчани – Преспа 1-3, Велешта – Лихнидос Охрид 1-4, Лирија Грнчари – Лакочереј 2-1, Влазними – Фљамуртари 2-0.

Двојки 2.коло: Црно Буки – Фљамуртари, Лакочереј – Влазними, Лихнидос Охрид – Лирија Грнчари, Преспа – Велешта, Новаци – Лирија Заграчани, Караорман – Кравари, Сатеска – Октиси.

OhridNews