Со тестирањето на квалитетот на околу 30 кошаркари од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Ресен, Македонски Брод, Демир Хисар стартуваше кошаркарската паралелка во Охрид.


Кошаркарите во машка и женска конкуренција пред очите на поранешниот селектор и тренер на АМАК СП, Марјан Лазоски и Драган Василов-Цефка ги демонстираа своите квалитети по кои беа оценувани.


– Ние ги оценуваме кошаркарските квалитети по региони. По комплетирање на сите региони ги сумираме резултатите и ги доставуваме од Министерство за образование, а потоа тие одлучуваат што како понатаму. Во југо-западниот регион има солиден квалитет и би било добро кога би се оформило кошаркарска паралелка. – рече Лазоски.


Во зависност од квалитетот, но не и од бројот на кошаркари ќе зависи дали Охрид ќе по ракометарска и фудбалска ќе добие и кошаркарска паралелка.

Мх.П.