Сите 20 пливачи во машка и женска конкуренција се појавија на стартот од Охридскиот пливачки маратон кој по 29-ти пат се одржува во водите на Охридското езеро.


Маратонците кои ги минуваат првите стотина метри пливаат во група и се уште никој се нема одвоено од јатото.

Оваа година конкуренцијата кај машките е мала, но е квалитетна бидејќи на стартот се најдоа првите четворица пливачи на ранг листата од Гран При серијата.

Ohridnews во текот на маратонот ќе врши обновување на настаните и пласманот за што подобра информираност на читателите.

Ohridnews