“Новиот“ Вардар на Градски стартуваше со убедлив триумф над Победа со 3-0. Актуелниот шампион Работнички одигра само 1-1 во Кичево, кај Напредок. Во Тетово, Ренова и Силекс го одиграа единствениот натпревар без голови 0-0. Најубедливата победа ја извојува Македонија ЃП над дебитантот во лигата Труново со 4-0.
Милано – Металург натпреварот ќе го одиграат во среда, додека по откажувањето на Башкими, Пелистер беше слободен во ова прво коло.