Со првите осминафинални натпревари стартуваат вистинските возбудувања во Лигата на Шампиони. Завесата од елиминациската фаза ќе ја кренат натпреварите Пари Сент Жермен – Челси и Бенфика – Зенит.


Милионската пресметка како што го нарекуваат двомечот меѓу ПСЖ и Челси ќе биде реприза од минатата година додека Бенфика и Зенит прв пат се среќаваат меѓу себе во елиминациските мечеви.

Минатата сезона, „светците“ на Стемфорд Бриџ по дополнителни триесет минути го елиминираа Челси предводен од Жозе Мурињо на клупата.

Паузата во рускиот шампионат е најголемиот противник на Зенит против Бенфика. Клубот од Санкт Петерзбург имаше фантастичен учинок во групата и со Реал Мадрид беа најдобрите екипи.

Двојки:

16.02: Бенфика – Зенит, ПСЖ – Челси

17.02: Гент – Волфзбург, Рома – Реал Мадрид

23.02: Јувентус – Баерн Минхен, Арсенал – Барселона

24.02: ПСВ – Атлетико, Динамо Киев – Мен Сити

OhridNews