Со натпреварите помеѓу Реал Мадрид – Ајакс и Борусија Дортмунд – Тотенхем ќе започнат реванш мечевите во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
„Кралевите“ на домашен терен пред своите гледачи ќе ја бранат предноста од 2-1 стекната од првиот меч во Холандија. Избраниците на Сантијаго Солари во ЛШ го бараат спасот, бидејќи отпаднаа од игра за титулите во националниот шампионат и Купот на Шпанија.
Во иста ситуација како Реал Мадрид се наоѓаат Борусија Дортмунд и Тотенхем. „Милионерите“ го изгубија лидерското место во Бундес лигата, додека англичаните претрпеа три порази во серија во Премиер лигата и си го загрозија пласман во ЛШ следната сезона. „Петлите“ имаат огромна предност од 3-0 остварена со победата во Лондон.
Натпреварите во Мадрид односно Дортмунд започнуваат во 21 часот.
OhridNews