Вечерва, стартуваат реванш натпреварите од осминафиналната фаза во Лигата на Шампиони. На мегдан први ќе излезат екипите на Лајпциг – Тотенхем односно Валенсија – Аталанта. Мечевите се играат во 21 часот.

Германците пред своите гледачи ќе го пречекаат англискиот премиерлигаш Тотенхем. Лајпциг обезбеди добра предност со победата во Лондон 1-0, но ништо не е готово. „Петлите“ предводени од Жозе Мурињо најавија дека ќе фрлат се’ на една карта и оти ќе пробаат да ја надополнат негативата и да победат во Лајпциг. Домаќините, пак, сметаат дека не смеат да ја пропуштат приликата за пласман во ТОП 8.

Валенсија и Аталанта пред празни трибини ќе се борат за билет во четвртфиналето. „Лилјаците“ ќе имаат ултра тешка задача на домашен терен бидејќи на првиот натпревар во Италија претрпеа висок пораз 4-1. Аталанта која е најпријатно изненадување во ЛШ има одлична прилика со Лајпциг да ја продолжат својата евро-авантура.

Двојки:

Лајпциг – Тотенхем (1-0)

Валенсија – Аталанта (1-4)

OhridNews