Денеска започнуваат обуките за попишувачите што ќе бидат вклучени во пописот на трговските и угостителските објекти што ќе се одржи од 1 до 15 ноември.

Во Регионалналното одделение на државниот завод за статистика се ангажирани 22 надворешни лица кои имаат одредени познавања и претходно искуство со анкетирање.

Податоците што ќе се добијат ќе бидат строго заштитени и ќе се користат за научно-истражувачки цели.

Од одделението во Охрид кое ги покрива Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод најавуваат дека попишувачите ќе имаат посебни легитимации. Оттаму апелираат до сопствениците на трговските и угостителските објекти да соработуваат преку давање на точни податоци.

Ohridnews