Со мечевите од осмата рунда ќе започнат возбудувањата во втората полусезона во Општинската фудбалска лига.

Екипите во втората етапа од лигата ќе се борат за првите четири позиции кои водат во плејофот. Победникот од баражот обезбедува учество во плејфот за пласман во Третата македонска фудбалска лига.

Славеј и Дебрца водат на табелата со 18 бодови, Вулкан со 13 бодови ја зазема третата позиција, а Рудар со еден бод помалку ја заокружува првата четворка. Сметките на водечките може да им ги замрсат Лакочереј и Св. Петар кои имаат 8 односно 6 поени.

Двојки: Славеј – Лешани, Лакочереј – Вулкан, Св. Петар – Рудар, Дебрца – Вапила.

Табела: Славеј 18, Дебрца 18, Вулкан 13, Рудар 12, Лакочереј 8, Св. Петар 6, Вапила 4, Лешани 3.

OhridNews