Подоцна од обично, во ист формат и голема конкуренција за приматот на Баерн Минхен, денеска, официјално ќе стартува новата сезона во Лигата на Шампиони.

На терените ширум Европа на програмата се мечевите од Е, Ф, Г и Х групите.

Во фокусот ќе биде пресметката помеѓу европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед на „Паркот на Принцовите“. Дуелот е окарактеризиран како дерби на колото поради исходот од пред две сезони, кога „црвените ѓаволи“ сензационално го елиминираа францускиот дрим тим.

Возбудувањата ќе ги најават средбите Зенит – Клуб Бриж од Ф групата и Динамо Киев – Јувентус од Г групата. Мечевите се играат во 18:55 часот.

  • Двојки:

Група Е: Челси – Севиља (21 часот), Рен – Краснодар (21ч)

Група Ф: Зенит – Клуб Бриж (18:55ч), Лацио – Борусија Дортмунд (21ч)

Група Г: Динамо Киев – Јувентус (18:55ч) Барселона – Ференцварош (18:55ч)

Група Х: ПСЖ – Мен Ју (21ч), Лајпциг – Башакшехир (21ч)

OhridNews